Данска, засега, нема годишно да прима по околу 500 бегалци, како што одреди Високиот комесаријат на ОН за белгаци.
– Тоа ќе им даде на општините малку простор за грижа за оние кои веќе дошле, истакна данската министерка за миграција Ингер Стејберг.
Стејберг наведе дека данската Влада ја донела оваа одлука со цел Данска да може да се одржи “економски, социјално и културно“.
Данска, која има околу 5,7 милиони жители, доби од почетокот на оваа година 5.700 барања за азил и очекува тој број до крајот на годинава да биде помал од 21.000 барања, колку што беа поднесени минатата година.