(ВИДЕО) Амди Бајрам со навреда за Ромите, Ибраимовски: Тоа го вели човекот кој нема ни основно образование

Од:

Коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Амди Бајрам сакајќи да ја омаловажи заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ги навреди сите Роми.

Според него, понижувачки е што Шекеринска била посматрач на претходните избори на избирачко место во Шуто Оризари.

Лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски за А1он вели дека ова е навреда и за Ромите и за Радмила Шекеринска.

– Тоа го вели човекот кој нема ни основно образование, човекот кој ја стави Ромската заедница на ниско скалило. Ние очекуваме промени во Шуто Оризари, граѓаните овојпат ќе ја дадат довербата на СДСМ и коалицијата. Радмила Шекеринска е одличен политичар и добар стратег, таа многу се залага за ромската заедница, вели Ибраимовски за А1он.

Ова не е првпат Амди Бајрам да застане во одбрана на владејачката партија и да ги омаловажи Ромите. Тој ја одбрани власта, велејќи дека зборот „циган“ кој се слуша во „бомбите“ на опозицијата не е навреда за Ромите.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Амди Бајрам нема да биде погребан во Алејата на великаните, неговата партија погрешно информирала

Жарко Настоски

Амди Бајрам денеска ќе биде погребан во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел

Жарко Настоски

Амди Бајрам бил позитивен на Ковид-19, ќе се спроведе епидемиолошка анкета со неговото семејство и контакти

А1он

Почина Амди Бајрам, имал проблеми со срцето

Ландов

(ВИДЕО) Амди Бајрам: Доста е за едни државата да биде мајка, за други маќеа

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Амди Бајрам: Бев на Титаник, ама пропадна и се префрлив на друг брод

Ана Ололовска