Специјалната јавна обвинителка пред да се објави предметот „Таргет“ потсети на годишнината од носењето на Уставот на Република Македониија.
Потсетуваме дека на 17 ноември 1991 година е донесена одлуката за прогласување на Уставот на Република на Македонија. 25 години од денот на донесување на Уставот со кој се гарантираат правата на граѓаните може да се види дека се уништени темелните вредности на Уставот.
Со незаконското прислушување од 2008 до 2015 година не е почитувана приватноста на граѓаните.
Секој еден граѓанин треба да знае дека државата има двојна одговорност-да се воздржи од неовластен упад во приватноста на граѓаните, а и да ги заштити од упад во прватноста од страна на трети лица. Ова обврска не се почитувала, напротив се злоупотребуваа од УБК од службените лица кои работеле таму со средства сопственост на Република Македонија. Државата во одредени околности има права да навлегува во приватноста на граѓаните но тоа само со прецизна правна рамка која треба да биде спроведена од лица овластени за тоа. Чувствувам обврска да повторам дека во извештајот на Прибе од мај 2015 година се наведени бројни недостапци во функционирањето на сите институциите во РМ вклучувајќи ја и УБК.
Јавно кажувам дека никој нема да ме обесхрабри ниту може да влијае врз оваа моја задача и чувствувам широка поддршка од јавноста. Нема да молчам ниту за една нерегуларност.
Моја обврска е да ја потенцирам професионалната посветеност на мојот тим во исполнување на мандатот но и објективноста и сериозноста со која се пристапува кон нашата мисија. Денешната истрага која ќе биде отворена од моја страна е резултат по повеќемесечна работа на мојот тим, рече Катица Јанева.