Се шират протестите во Тунис

Од:

Туниската полиција денеска фрли солзавец врз демонстрантите, кои трет ден по ред демонстрираат во градот Силијана, а во изминатите 24 часа беа повредени 265 лица.

Стотици лица демонстрираа и денеска барајќи локалниот гувернер Ахмад Езин Махџуби да си поднесе оставка, пренесуваат француските медиуми.

Демонстрантите запалија полициски пункт и две возила, а протестите почнаа да се шират и кон централниот дел на земјата.

Вчера, најмалку 265 лица, од кои 19 потешко, беа повредени во судирите меѓу силите за безбедност и демонстрантите кои ја бараат оставката на гувернерот.

Болнички извори наведуваат дека во Силијана се хоспотализирани 206 лица, од кои 19 ималет прострелни рани и повреди на главите, па затоа биле префрлени на лекување во главниот град Тунис.

Силијана е сиромашен рурален регион одалечен од главниот град околу 120 километри.

Демонстрантите покрај оставката на гувернерот, истовремено, бараат и ослободување на 14 лица притворени во текот на протестите од април 2011 година, како и парични средства за потткнување на економнскиот раст во овој сиромашен регион.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен