Ирина Бокова се обрати на Светскиот конгрес на информативните агенции во Баку

Од:

Важноста на слободата и плурализмот во медиумите беа во фокусот на говорот на генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова во видео обраќањето кон учесниците на Светскиот конгрес на информативните агенции, којшто беше отворен денеска во Баку, главниот град на Азербејџан.

– Квалитетното новинарство денес е исклучително важно како никогаш досега. Ние веруваме дека средствата за масовно информирање имаат главна улога во гарантирањето на слободата и правата на човекот, нагласи Бокова, јави ТАСС.

На отворањето на Конгресот говор одржа и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој ја подвлече важната ролја на медиумите во развојот на меѓународната соработка.

– Ако ние им дозволиме на политичарите повеќе простор во медиумите како поткрепа на универзалните вредности, тоа ќе доведе до намалување на затегнатоста во светот и до поголемо заемно разбирање, рече лидерот на Азербејџан.

На Конгресот со наслов „Нови предизвици за информативните агенции”, учествуваат претставници на околу 100 водечки информациски агенции во светот, меѓу кои и Асошиејтед прес, Ројтерс, Франс прес, ТАСС.

Македонската информативна агенција исто така има свои претставници на Конгресот.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски