По објавувањето на информацијата дека Лионел Меси одбил да го продолжи договорот со Барселона, во каталонскиот клуб владее разочарување.
– Не знам што ќе се случи во иднина, но јас се обидувам да му објаснам на Меси дека Барселона е најдобриот клуб на светот, изјави првиот човек на клубот Бартомеу.
Угледниот шпански весник „Марка“ пренесе дека Аргентинецот одбил да го продолжи договорот со Барселона поради проблемите со властите и судовите околу неплатениот данок.
Актуелниот договор на најдобриот фудбалер на Барселона истекува по две години и во клубот се надеваат дека до тогаш Меси ќе го смени мислењето.