Кошаркарите на Карпош Соколи ја забележаа првата победа во регионалната кошаркарска АБА лига и тоа над досега непоразената Будуќност од Подгорица.
Клучна за победата на македонскиот тим од 77:71 беше предноста од 25:8 остварена во втората четвртина, додека другите три периоди им припаднаа на гостите од Црна Гора 25:18; 23:21 и 15:13.
Деветтата рунда на Јадранот стартуваше синоќа со натпреварот Игокеа – Мега Лекс 64:67.
Покрај средбата во Скопје денес уште играат Партизан и Цедевита.
Двојките за утре се:
Крка – МЗТ Скопје Аеродром,
Олимпија – ФМП,
Цибона – Црвена звезда и
Морнар – Задар.
Табела: Будуќност 8-1 (победи-порази), Црвена звезда 8-0, Цибона 6-2, Партизан 6-2, Цедевита 5-3, Игокеа 4-5, Мега Лекс 3-6, ФМП 3-5, Крка 4-3, Задар 3-5, Морнар 2-6, Карпош Соколи 1-8, МЗТ Скопје Аеродром 2-6, Олимпија 2-5.