Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска ќе ја посети општина Битола.
При посетата на Битола Јанакиески ќе присуствува на јавна електронска прелиминарна распределба на социјални станови, како и на поставување камен-темелник за реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Раштани.