Српски фунционер се сликал со албанско знаме во Приштина

Од:

На социјалната мрежа Твитер се појави фотографија на Данко Руниќ, директор на белградската Агенција за европска интеграција и член на ЛДП, на која стои пред албанското знаме на плоштадот во Приштина и држи балон со симболите на таа земја.

Руниќ фотографијата пред некое време ја постави на својот Фејсбук профил, но и покрај тоа што ја повлекол пред неколку дена, таа се појави на Твитер.

Данко Руниќ за српски „Блиц“ потврдил дека станува збор за автентична фотографија која како што кажал е направена пред четири години на прославата на Денот на албанското знаме и дека е резултат на шегување со пријателите“

„Ме фотографираше мојот пријател при приватната посета на Приштина. Жал ми е што денес се користи фотографијата за друг контекст. Тие што ја поставија сликата на Твитер сакаат да ме прикажат како предавник и имаат за цел да ме загрозат мене и мојата фамилија“, изјави Руниќ за Блиц.

 

Би можело да ве интересира

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Ќе побараме објаснување за фотографијата пред бугарското знаме, ваков чин и потег не беше предвиден

Предраг Петровиќ

Путин: Знамето на Русија секогаш ќе биде свето за сите генерации Руси

А1он

Не се разговара за промена на знамето, грбот или химната, велат од Владата по изјавата на Ахмети

Жарко Настоски

ВИДЕО: Британското знаме симнато од пред европските институции

Францускиот спајдермен закачи знаме на помирувањето во Хонгконг

А1он