Не се разговара за промена на знамето, грбот или химната, велат од Владата по изјавата на Ахмети

Од:

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, брифираат од Владата откако беше пренесена изјава на Али Ахмети дадена во гостување на албанската телевизија Клан, во која тој вели дека веќе се почнати разговорите за промена на државните симболи.

„Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви“ изјави Ахмети за ТВ Клан во емисијата емитувана вчера.

Од Владата велат дека Ахмети во делот од гостувањето посветен на темата не го спомнал премиерот Заев како соговорник за темите околу менувањето на симболите, како што тоа беше пренесено во некои медиуми.

„Во изјавата на г. Ахмети не забележавме дека тој изјави дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта. Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој, економија и повеќе пари за граѓаните и Владата ќе продолжи на тој пат“, брифираат од „Илинденска“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски