Зелен пазар во новиот центар на Кавадарци

Од:

Се реализира проектот за зелен пазар во новиот центар на Кавадарци, позади зградите наречени „лепотици”.

Како што информира синоќа на средба со граѓаните кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, привршува регулирањето на канализациската линија, хортикултурното и партерното уредување на просторот.

– Пазарчето ќе биде монтажно, покриено и од затворен тип, со осветлување. Тендерска постапка е завршена, а работите ќе финишираат за околу еден месец, соопшти градоначалникот и најави дека ќе следува оградување и осветлување на спортското игралиште во близина на пазарот.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак