Со натпреварот кој ќе стартува вечер од 18 часот и 45 минути во Истанбул меѓу домаќинот Бешикташ и Наполи ќе биде отворено 4.коло во фудбалската Лига на шампиони.
Денеска на програмата се дуелите во групите, А, Б, Ц и Д, додека утре ќе се играат средбите од другите четири групи.
Двојки и табели:
А група: Лудогорец – Арсенал и Базел – Пари Сен Жермен.
Табела: Арсенал 7 бодови, ПСЖ 7 , Базел 1 и Лудогорец 1.
Б група: Бешикташ – Наполи и Бенфика – Динамо Киев.
Табела: Наполи 6, Бешикташ 5, Бенфика 4 и Динамо Киев 1.
Ц група: Манчестер Сити – Барселона и Борусија Менхенгладбах – Селтик.
Табела: Барселона 9, Манчестер Сити 4, Борусија Менхенгладбах 3 и Селтик 1.
Д група: ПСВ Ајндховен – Баерн Минхен и Атлетико Мадрид – Ростов.
Табела: Атлетико Мадрид 9, Баерн Минхен 6, ПСВ Ајндховен 1 и Ростов 1.
Со исклучок на дуелот во Истанбул, останатите седум натпревари ќе започнат во терминот од 20 часот и 45 минути.