Карпош Соколи по продолжение поразен од Олимпија

Од:

Екипата на Карпош Соколи го загуби и седмиот натпревар во својата дебитантска сезона во регионалната кошаркарска АБА лига. Синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ македонскиот претставник беше поразен од словенечка Олимпија со 87:83, во основните 40 минути беше нерешено 73:73.

Карпош Соколи се единствената екипа која досега во АБА лигата се нема израдувано на победа, па затоа е на дното на табелата, на која едно место пред нив (претпоследно) е актуелниот македонски првак МЗТ Скопје кој единствената победа досега ја имаше токму градскиот ривал.

На другите натпревари од 7.коло одиграни претходно беа постигнати овие резултати:

Крка – Задар 80:79,
Цибона – ФМП 87:68,
Партизан – Будуќност 61:64,
Игокеа – Цедевита 69:84,
Мега Лекс – МЗТ Скопје Аеродром 87:72,
Морнар – Црвена звезда 59:71.

Табела: Црвена звезда 7-0 (победи-порази), Будуќност 7-0, Цибона 6-1, Партизан 6-1, Цедевита 4-3, Игокеа 3-4, Задар 3-4, Морнар 2-5, ФМП 2-5, Мега Лекс 2-5, Крка 3-3, Олимпија 2-4, МЗТ Скопје Аеродром 1-6, Карпош Соколи 0-7.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска