За косовскиот Уставен суд Законот за Трепча е уставен

Од:

Уставниот суд на Косово одлучи дека Законот за Трепча е уставен, отфрлајќи го барањето на Српската листа за оценување на уставноста како неприфатливо.

Српската листа тврди дека при усвојувањето на Законт за Трепча прекршени се законските и уставни процедури.

Сега Законот за Трепча треба да биде потпишан од претседателот на Косово и по објавување на одлуката во Службен весник веднаш ќе стапи во сила.

Претседателот на Српска листа, Славко Симиќ оцени дека „Уставниот суд на Косово, со отфрлање на барањето на пратениците од листата за преиспитување на уставноста на Законот за Трепча верификува политичка, а не законодавна одлука“.

– Ако Уставниот суд го одби нашето барање кое укажува на кршење на многу уставни одредби, ние ќе го одбиеме неговото спроведување, посочи Симиќ.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски