Данската полиција соопшти денеска дека телата на 27-годишна Сиријка и нејзините две ќерки на возраст од седум и девет години биле пронајадени во замрзнувач во нивниот стан во јужна Данска.
Полицијата телата ги открила во неделата во градот Абенра, откако роднина на Сиријката пријавил дека веќе неколку дена не може да воспостави контакт со неа.
Иследниците денеска соопштија дека станува збор за убиство, но не изнесоа повеќе детали.
Сопругот на Сиријката не бил во станот и полицијата моментно трага по него.
Сириското семејство пристигнало во Данска во 2015 година и добило бегалски статус.