Ахмети не дојде да се соочи со Богоевски за случајот „Телеком“

Од:

Поранешниот разузнавач Слободан Богоески денеска дојде во суд, но не се појави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Денеска беше закажано првото рочиште во процесот – Али Ахмети и Муса Џафери против Богоевски.

Поранешниот шеф на тајната полиција од двајцата е обвинет за клевета.

Богоевски е тужен за неговиот исказ во Њујоршкиот суд, дека на актуелни и поранешни функционери во 2005 година им било исплатен поткуп за случајот „Маѓар Телеком”.

Богоевски вели дека исказот го дал во судска постапка за претставниците на американската Комисија за хартии од вредност и Њујоршкиот Суд. Тој рече дека имал налог за заштита и обврска за молчење, се додека не заврши постапката за случајот „Маѓар Телеком“.

Американската Комисија за хартии од вредност тврди дека извршни директори на „Маѓар Телеком“, со лажирани договори поткупувале македонски функионери од 2005 и 2006.

Според сведочењето на Богоевски, вкупно 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари, експремиер Владо Бучковски, Ахмети и Муса Џафери.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ

А1он

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници, а Вреди 122

Меџити: Време е Ахмети да се повлече

Горан Наумовски

Средба на Ахмети со албанскиот преседател Бегај

ВРЕДИ: “Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Катерина Ѓуровски

За да оди на протест на поранешната ОВК во Тирана, Ахмети ги откажа настаните на последниот ден од кампањата