Автомобилот Citroеn C4 WRC на Роберт Кубица заврши во пламен, за среќа, екипажот мина без повреда.
Се уште не се знаат причините зошто Кубица излетал и зошто се запалило возилото, но едно е сигурно, Полјакот добро се рехабилитира и неговите рефлекси се во се подобра форма.
Иако сеуште непотрврдена, до новинарите, стаса информацијата, дека причината за откажувањето на Кубица се „крие“ во неговиот совозач, кој погрешно го прочитал итинерот, па и реакцијата на Роберт била неадекватна на условите на патот.