Безбедносната компанија РСА за списанието „Форбс“ откри дека пред неколку седмици е детектиран „подземен криминален форум“ на кој се продаваат хакирани компјутери. Цената на таков компјутер се движи од 4.600 долари нагоре.
На форумот, за 10.000 долари во просек, се продаваат и т.н. компромитирани ИоТ уреди, кои инаку првично биле наменети за смартфоните, а коишто би можеле да се искористат за да се урне и најсилниот сервер, нешто кое стручно се нарекува „ДДоС напад“. Како тоа функционира?
„ДДоС нападите“ го оневозможуваат пристапот до самиот компјутер. А, кога еднаш ќе ја преземат контролата врз него, хакерите можат да ја контролираат и брзината на размената на податоци, адресирањето и пренасочувањето.
Еден таков напад се случи викендов, а цел беше американскиот провајдер „Дин“. Тоа им предизвика проблеми на неколку познати светски веб-страници, како што се Твитер, Нетфликс, Спотфлај и Амазон. Со таков хакиран ИоТ уред и 180.000 ботови на мрежата, хакерската група си овозможи брзина од еден терабит во секунда, на сметка на „Дин“.
Сервисите за заштита од „ДДоС нападите“ велат дека таквите упади годинава се се почести.