Тахири: „Трепча“ нема да биде тема во рамки на дијалогот во Брисел

Од:

Косовската министерка за дијалог Едита Тахири изјави денеска дека прашањето за комбинатот „Трепча“ нема да се разгледува во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел.

Таа, реагирајќи на ставот на шефот на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Србија, Едуард Кукан дека прашањето за „Трепча“ треба да се решава во рамки на дијалогот, истакна дека позицијата на косовската Влада е „јасна и одлучна“.

– Нема да зборуваме за „Трепча“ во рамки на дијалогот во Брисел, нагласи Тахири.

Според неа, „Косово одлучува за Трепча и сите богатства на земјата“.

Тахири оцени дека изјавата на Кукан не одговара со реалноста, додавајќи дека „без разлика што тој доаѓа од земја која не го признала Косово, сепак треба да го знае тоа бидејќи и Словачка е нова, млада држава“.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски