Објавените информации во некои медиуми за наводно мое незаконско работење се целосно неточни и имаат една единствена цел, лична дисквалификација, нарачана од одредени политички центри на кои им пречи наметнувањето на нови повисоки стандарди на полициско работење.
Пријавата која што беше поднесена без ниту еден доказ, а беше мотивирана од отпорот што го имаа кон професионализацијата некои структури од полициско – криминалното подземје.
Доколку медиумите вложеа барем минимум напор за да ги задоволат професионалните стандарди ќе провереа во Јавното обвинителство каде пријавата е отфрлена заради неоснованост.