Американскиот амбасадор во Косово Грег Делави на семинар на НАТО во Приштина, изјави дека „безбедносните сили на Косово ќе станат војска на Косово, бидејќи е потребно Косово да има сопствени одбранбени капацитети“.
Делави истакна дека НАТО силите ќе останат во Косово, бидејќи земјата се уште ги нема потребните одбранбени механизми, јави РТК2.
– НАТО нема да се повлече се додека Косово нема способност да се брани. Нема да има вакуум, туку ќе дојде до трансформација на Безбедносните сили на Косово во Војска на Косово, истакна Делави, додавајќи дека оваа трансформација треба да се случи согласно Уставот и да се изведе многу внимателно.
Делави изрази надеж дека ќе дојде денот кога КФОР веќе нема да биде потребен, пренесува Танјуг.