„Во име на Либералната партија и во свое име го осудувам нападот врз новинарот на телевизија Телма синоќа, во текот на вршењето на неговата работа. За жал, гледаме дека тоа не е исклучок, туку веќе шести таков случај.
И овој напад е мотивиран од политиката која две децении новинарите и медиумите ги гледа како „огласна табла“, а не како општествено-одговорна и ценета професија.
Имајќи ја предвид атмосферата што се создава пред изборите и со оглед на дрскоста како е изведен, оценуваме дека нападот врз Беловски е само најава за тоа колку изборите на 11 декември ќе бидат „демократски и кредибилни“ – изјави претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски.