Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери по синоќешниот триумф над Копенхаген во Лигата на шампионите рече дека чувствата му се помешани.
– Во исто време сум горд поради максималниот учинок во Лигата на шампионите, но и бесен поради слабиот пласман во Премиер лигата. За Лестер е извонреден резултат освоените девет бода на европската сцена, но кога ќе помислам на домашното првенство многу сум лут. Меѓутоа, во кариерата ми се случувало ова и порано. Тоа е психолошки момент. Кога играте во ЛШ мотивот е друг, се троши многу енергија, сите даваат максимум, изјави Раниери.
Англискиот шампион е единствената екипа досега со максимални три победи по трите одиграни натпревари во шампионската лига, додека во Англиското фудбалско првенство се наоѓа на 13.место со само осум бодови од можните 24 и е далеку од минатогодишната форма кога ја освои титулата.