(ВИДЕО) Љубе Бошкоски: Ниту име сум продавал, ниту некој ме купил

Од:

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во говорот на Централното собрание се заблогодари на претставниците на 60 општински организации дека останале со него и после сите случувања во партијата и неговото затворање и најави дека ОМ ќе стане парламентарна партија на овие избори.

-Секогаш ќе ве изберам вас наспроти сите богатства, оваа наша љубов е нерескинлива, вмровска љубов. Да се заблагодарам што никој од вас не се продаде, и десетици илјади надвор од оваа сала не поверуваа дека Братот Љубе го продавал името, дека примил некакви средства, дека бил замолчен и нема да зборува затоа што бил платен. Не, браќа мои, никој не ме купил, јас не сум на пазарот и не сум политички трговец, имам став и јасна визија за Македонија и не отстапувам од неа, рече Бошкоски.

Ако некој бил продаден и предаван од оние со кои седевме на иста маса, тоа бев јас. Некои други ме предадоа, но јас никогаш нема да ве предадам вас и Македонија, рече тој.

И тогаш и денес истото го тврдам, доколку сакав фотељи и богатства немаше 2009 година да ја формирам Обединети за Македонија. Но од мене немојте да очекувате да напаѓам никого денес, затоа што јас се кажав, денеска е тоа македонката реалност. Ако навреме се реагираше и се сфатеа пораките, ние знаевме што значи зборот слобода и затоа излеговме со логото “Слобода или смрт“, а денес гледаме сите се борат за слободата.

Бошкоски кажа дека во Македонија е инсталиран стравот.

-Граѓаните се плашат, Македонија е поделена како никогаш досега. Порано беше поделена меѓуетнички, уште порано на Егејска, Вардарска и Пиринска, но денеска сме сите поделени. Историјата не научила дека сите зла за македонскиот народ доаѓале од делбите. Доаѓам со сиот минат труд и десетте години самување, да ви кажам, омразата мора да ја замениме со љубов, не може понатаму да се делиме, премногу сме поделени. Брат со брат не зборува зашто еден е во СДСМ, друг во ВМРО, трет во Обединети за Македонија. Затоа не случајно визонерски ја формиравме Обединети за Македонија, за да се обединиме, рече тој.

-Ние имаме програма уште од 2011 година која се уште не е реализирана ниту во една точка. Во сферата на правосудството се потребни реформи, да се ревидираат сите пресуди донесени против граѓани кои без вина поминуваат децении на робија. Ние уште тогаш кажавме ако продолжи овој тренд на иселување ние на “скајп“ ќе ги гледаме нашите деца. Зарем таква Македонија некој посакува, зарем Македонија во која ми е тешко да ги убедам моите деца да останат во Македонија, а дојдоа со ентузијазам, со љубов, со желба, рече Бошкоски во обраќањето на централното претедателство.

Мора да бидеме реални во политиката, но и да покажеме дека имаме јасна визија за проблемите во здравството,економијата, но не со шаблони и со табели, не со нафрлање на изрази како ЏДП колку е зголемено, основа е да ги вратиме сите наши млади и да им понудиме барем половина од онаа плата од Брисел, Лондон,Њујорк, да си ги вратиме чедата, рече Бошкоски.

Јас верувам дека ќе успееме, зошто никој не не скрши, ниту вас, ниту мене, рече Бошкоски.

Би можело да ве интересира

Таравари ги викнал на средба членовите на Собранието на Алијанса пред седницата која ја свика Села

Александар Тодески

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

A1on

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

A1on

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

A1on

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат