Минимална победа со само еден поен разлика забележа црногорскиот шампион Будуќност на гостувањето во Лакташи кај Игокеа и го задржа максималниот ефект по пет одиграни натпревари во регионалната кошаркарска АБА лига.
Шанса да стигнат до петтите победи ќе имаат и белградските екипи Црвена звезда и Партизан кои треба да ги одиграа своите средби од оваа рунда.
Резултати на натпреварите од 5.коло:
Морнар – ФМП 82:66,
Цибона – Карпош Соколи 102:79,
Мега – Цедевита 82:85,
Игокеа – Будуќност 92:93.
Денес играат Партизан – Олимпија (17 часот) и Задар – МЗТ Скопје (19 часот), а колото ќе биде заокружено утре со дуелот Крка – Црвена звезда.
Води Будуќност со максимални пет победи, пред Црвена звезда и Партизан кои имаат по четири триумфи и натпревар помалку.