Времето утре – променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најпрвин врнежите ќе започнат во северозападните делови од земјата, а во текот на денот ќе се прошируваат кон исток. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови кон понеделник, особено во југоисточните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 17 до 22 степена.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во текот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со почести врнежи од дожд, но со послаб интензитет. Дневните температури благо ќе опаднат.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски