Во Прилеп утре почнува првиот меѓународен „Macedonian trophy“ со џипови

Од:

На првото македонско трофи рели (Маcedonian trophy) со џипови што ќе се одржува во Прилеп утре и в недела, ќе учествуваат преку 120 учесници од Србија, Бугарија, Холандија и од Македонија, беше соопштено на денешната прес-конференција на „OFF ROAD PRILEP“ клубот, организатор на првиот македонски рели-крос.

Според Панчо Чупаркоски, од клубот „ОFF ROAD“ посебно е задоволство што на овој начин се афирмираат Македонија и Прилеп во овој адреналински спорт.

– Попладнево веќе пристигнуваат 40-ината учесници од Бугарија, 10 те од Србија, учесниците од Холандија и 60-ина од Македонија. Трките започнуваат утре, по 10 часот со старт од месноста Заполшки мост на излезот од Прилеп, преку месноста Шаторов камен па до селото Селце. Струќно жири ќе ги следи натпреварувачите и ќе ги програси најдобрите и најуспешните, доделувајќи прво, второ и трето место. В недела ќе се вози на мото-крој полигонот кај Старо Лагово. Прилеп изобилува со терени за ваков вид натпреварувања кои се познати во другите земји, а кај нас се нешто ново, необично и привлекуваат големо внимание, вели Чупаркоски.

За градоначалникот Марјан Ристески, битно е што посетителите ќе уживаат во овој спорт и ќе бидат сведоци на создавање уште една традиција на меѓународно натпреварување.

– Посебна гордост за прилеп е што е домаќин на првото македонско трофи натпреварување со џипови. Тоа го потврдува градот како центар не само во Македонија, туку и на Балканот, па и во европски рамки, за екстремните спортови. Со мото-крос натпреварувањата кои по четврти пат ќе се одржат в недела на полигонот кај Старо Лагово, со параглајдерството и болдерингот, сега почнуваат и нови меѓународни натпреварувања со џипови. Патеката кај Старо Лагово ги обезбедува стандардите за мото-натпреварувања, а инфраструктурно уште и ќе се надградува. Во секој случај, овој викенд, ако кон ова се додадат и натпреварувањата во „Скејт паркот“ утре попладне, дефинитивно е викенд на екстремни спортови кои ќе се одржуваат во Прилеп, рече Ристески.

Прилепскиот клуб „OFF ROAD“ од годинава ќе изгради традиција на одржување на „MacedonianTrophy“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна