Јавна опомена од ДКСК за судир на интереси

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата изрече јавна опомена на лицето Пецо Талевски кој покрај функцијата член на советот на Општина Новаци ја извршувал и функцијата управител на Приватната здравствена установа – Ординација по општа медицина „д-р Перо Талевски’ во село Дедебалци.

Во денешното соопштение појаснуваат дека Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, се обратила до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена, сметано од денот на приемот на барањето, доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

Талевски, како што додаваат, постапил согласно бараното од страна на Државната комисија, односно направил промена на управителската функција на наведеното трговско друштво, но за нов управител на Приватната здраствена установа – Ординација по општа медицина „Д-р.Перо Талевски“, село Дедебалци, Могила П.О., ја назначил  Светлана Костоска -Талевска, која е негово блиско лице, по што повторно се ставил во состојба на судир на интереси. За таа цел Државната комисија повторно се обратила до Талевски со барање да преземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на член 9 в.в. со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување судир на интереси, на начин што од ова лице побарала во рок од 15 дена да постапи по укажувањето на Државната комисија.

Талевски, додаваат, не постапил по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донела одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

Би можело да ве интересира

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата