СДСМ: Груевски се откажа од Преродбата, сака да биде активист

Од:

„Никола Груевски е во тотална конфузија.

Ја заборави неговата Преродба, добро утро и добро вечер му е Програмата на СДСМ, а подготвен е да стане дури и активист?!

По 10 годишен масакр на домашните фирми, Груевски ги здогледал домашни претпријатија.

Откако ги остави работниците со 9.000 денари плата, признава дека минимална плата требала да биде во висина што ја предлагаше СДСМ, а ја одбија токму неговите пратеници во Парламентот.

Откако 500.000 граѓани турна под работ на сиромаштија, исели 626.312 граѓани од државава, Груевски најавува дека неговата борба за работни места продолжувала.

Откако потроши 650 милиони евра пари на граѓаните за стиропор политики, Груевски сака да зборува за конаци, манастири и културно наследство?!

Откако украде неколку изборни циклуси неговата власт, со закани, уцени, притисоци и криминал, Груевски со соработниците со пенкало во рака на 11 декември ќе ја бранел Македонија?!

И сето тоа откако им потроши 10 години живот на граѓаните на Македонија!

Разобличени се штетните политики на Никола Груевски што немаат допирни точки со потребите на граѓаните, а граѓаните знаат дека имаат и тоа какви допирни точки со неговите потреби за милионски плацеви, мерцедеси, рајски фирми на фамилијата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ