Продолжуваат мировните преговори меѓу колумбиската Влада и ФАРК

Од:

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос синоќа се сретна со водачите на опозицијата, за да ги слушне нивните предлози во врска со обновувањето на преговорите за мировниот договор со бунтовничката група Вооружени револуционерни сили на Колумбија (ФАРК), кој Колумбијците го отфрлија на референдумот во неделата.

– Многу сме близу до мирот, но потребна е поширока општествена согласност. Предлозите ќе ги разгледаме утре, а потоа одново ќе ги контактираме ФАРК, изјави вчера Сантос по четиричасовниот разговор, нагласувајќи ја својата решеност да го врати мирот во земјата.

– Зацврстување и засилување на мирот – тоа е патот по кој мораме да тргнеме, како држава. Тоа е моја уставна обврска и мое лично убедување. Мирот во Колумбија е близу и ние ќе го оствариме, истакна првиот човек на државата.

Иако повеќето анкети предвидуваа дека мнозинството ќе гласа за мировната спогодба, на неделниот референдум таа беше отфрлена со 50,21 наспроти 49,78 отсто. Излезеноста изнесуваше 62 отсто од гласачите.

Исходот од гласањето покажа длабока поделеност во колумбиското општество.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски