Најавено формирање нова политичка партија во Косово

Од:

Во Косово наскоро ќе биде формиран нов политички субјект, чиј основач ќе биде градоначалничка на општина Ѓаковица, Мимоза Кусари-Лила, јави дописникот на МИА.

Според Лила, во тек се интензивни ативности од логистички и организциски аспект за да се зајакне партијата, која ќе ја промовира ков средината на овој месец.

– Имаме подршка во многу делови низ Косово.Имаме луѓе кои претходно не биле политички ангажирани и доаѓаат од разни области и профили, изјави Кусари-Лила за електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.

Акуелната градоначалничка на општина Ѓаковица и Илир Деда од Движењето „Самоопределување“, формирање нов политички субјект го најавија пред неколку месеци.

Кусари-Лила е поранешен висок функционер во Алијанса за ново Косово,на Беџет Пацоли, додека Деда беше пратеник на „Самоопредлување“ до пред неколку месеци, кога ја напушти партијата и стана независен пратеник.

Мимоза Кусари-Лила, пред нејзиниот избор за градоначалник на Ѓаковица, до октомври 2013 година, две години ја обавуваше функцијата министерка за трговија и индустрија.

Четириесет и едногодишната Кусари-Лила важи за висок авторитет во Косово.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски