Хрватска: Загина деминер при експлозија на мина

Од:

Хрватски деминер денеска загина при избувнување на експлозивна направа во зона минирана за време на војната во 90-тите години, јави БТА. 

Експлозијата се случила во регионот Окучани, источна Хрватска, каде се испратени деминери од компанијата „Мунгос“. 

Како што изјави преставник на компанијата, специјализирана за деминирање, жртвата е на 42-годишна возраст. 

Над 800 лица, од кои 110 деминери, загинаа од експлозија на мини по крајот на војните во Хрватска и Босна и Херцеговина. 

Дваесет и една година по завршувањето на војните, одредени региони во Хрватска и Босна и Херцеговина се уште претставуваат опасност поради илјадниците нагазни и противтенковските мини, како и други неексплодирани експлозивни направи, кои се наоѓаат во нив.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик