Жбогар: Партиите се обврзаа да дадат поддршка на СЈО

Од:

Формирањето на СЈО е клучната работа која произлегува од Пржинскиот договор. Политичките партии во многу наврати се имаат обврзано да дадат поддршка на СЈО. Ние ги охрабруваме партиите да ја почитуваат оваа нивна заложба, и во иднина да ја имплементираат со поддршка кон СЈО.

Ова го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, денеска во Куманово одговарајќи на новинарско прашање како ја оценува одлуката на владејачките партии за недавање поддршка на измените на Законот за СЈО.

Жбогар, кој присуствуваше на означувањето на почетокот на проектот за рехабилитација на канализационата мрежа во Куманово, го повтори ставот дека СЈО е најдобрата алатка за да се истражи одговорноста која што произлегува од прислушкуваните разговори.

Што се однесува до изборите, евроамбасадорот изјави дека четворицата лидери уште во август востановиле дека сите услови се исполнети за нивно оддржување во декември.

– Исто така, имам постојани дискусии со четворицата лидери во врска со прашањето за изборите и за прашањето поврзано со СЈО и мојот впечаток е дека сите се подготвуваат за оддржување на изборите. Ние како ЕУ се радуваме и со нетрпение очекуваме изборите да се оддржат тогаш кога се закажани. Та ќе биде можност земјата да се врати во нормала, да го продолжи својот европски пат и да ја продлабочиме нашата соработка, изјави евроамбасадорот Жбогар.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов