Иса Мустафа: РМК „Трепча“ е сопственост на Косово и за него нема преговори

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа на седница на Владата изјави дека Рударско-металуршкиот комбинат „Трепча“ е во сопственост на Косово и за него не може да се преговара, јави Танјуг.

Во текот на состанокот, Владата го одобрила Нацрт законот за „Трепча“, што е проследен до Собранието на Косово, пренесе Радио телевизија Косова.

Мустафа изјави дека било потребно доста време за да се изработи Законот за Трепча и додаде дека комисијата што го изработила Нацрт законот тоа го сторила на професионален начин.

Претседателот на косовската Влада нагласи дека за „Трепча“ е направено најдоброто решение.

Тој уште еднаш повтори дека „Трепча“ е имот на Косово и дека не може да биде предмет на никакви преговори.

-Имотот е во сопственост на Косово, за прашањето на „Трепча“ не може да се преговара, рече Мустафа.

Предлог нацрт законот за Трепча наскоро треба да се најде на дневен ред на Собранието на Косово, во понеделникот одлучи претседателството на Собранието.

Владеачката коалиција е убедена дека нацртот ќе биде усвоен уште на прво читање, додека претставниците на опозицијата и Српската листа се уште не се изјаснуваат за тоа како ќе гласаат, бидејќи немале увид во нацртот на овој закон.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски