Пленковиќ: Договор со Мост денеска или најдоцна утре

Од:

Претседателот на ХДЗ и најизвесен мандатар на новата хрватска влада Андреј Пленковиќ изрази уверување дека денеска или најдоцна утре може да кажат дека со Мост постигнале договор за целокупниот пакет соработка.

– Верувам дека денеска или најдоцна утре, би требало да бидеме во позиција да кажеме дека сме постигнале договор, изјави Пленковиќ пред разговорите со Мост.

Претседателката на државата Колинда Грабар Китаровиќ вториот круг консултации го закажа за в понеделник, а конститутивна седница на Саборот на 14 октомври.

Пленковиќ додаде дека за време на тринеделните преговори со Мост изградиле степен на соработка и доверба.

– Моја цел е в понеделник на консултациите кај Китаровиќ да имам потребни 76 потписи и потоа формирање влада до првата седница на Саборот, наведе Пленковиќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик