ВИДЕО: Протест пред Суд за поддршка на Павле Богоевски

Од:

Демонстратите од Шарената револуција денеска пред Кривичниот суд протестираат во поддршка на нивниот член Павле Богоевски кој е обвинет за учество во толпа која ќе изврши кривично дело.

„Продолжуваат притисоците врз луѓето кои секојдневно протестираа и протестираат против овој режим. Продолжуваат да се судат граѓани кои ја критикуваат власта додека криминалците шетаат слободно, уништуваат докази и траги од веќе сторени и вршат нови кримични дела.

Обвинителството на Зврлевски го товари Павле за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Оваа, прва кривична пријава за боењето на симболите на криминалниот режим во Скопје е уште еден обид за обвинителството и судството од тефтерот на Горде да делат селективна правда“, велат од Шарената револуција.

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска