Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе ја оценува уставноста на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување постапка, донесени од претседателот Ѓорге Иванов на 12 април годинава.
Ќе се оценува уставноста на одлуката за помилување на 56 лица, поранешни и актуелни функционери и нивни соработници.
Иницијативата за оценување на уставноста беше поднесена по нивното објавување.
На 27 мај претседателот Иванов ги повлече аболициите за политичарите, а на 6 јуни беа повлечени сите аболиции.
Во периодот додека беа во сила помилувањата, беа прекинати сите предистражни и истражни постапки што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а кои се однесуваа на лица опфатени со помилувањето.