Високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Раад ел Хусеин го повика Советот за безбедност на ОН да го ограничи правото на вето на своите постојани членки заради решавање на проблемите во Алепо.
– Цврсто верувам дека дојде време за силно раководство и храбри акции, поради што СБ на ОН би требало, без натамошно одложување, да усвои критериуми за одвраќање на членовите од користењето на правото на вето кога постојат сериозни проблеми и индикации дека се сторени воени злосторства, злосторства против човештвото или геноцид, изјави комесарот.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери во телефонски разговор пред два дена разгледуваа заеднички мерки за решавање на ситуацијата во Алепо.
Подоцна портпаролот на американскиот Стејт департмент Џон Кирби изјави дека Вашингтон го прекинува учеството во билатералните канали на комуникација со Москва за ситуацијата во Сирија.
Постојатниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин изјави дека нема алтернатива на преговореите меѓу Русија и САД за решавање на воениот судир во Сирија.