Екипите од регионалната кошаркарска АБА лига продолжуваат со натпреварите и секој ден има нови возбудувања. Синоќа беа одиграни два натпревара, а до втората победа стигнаа кошаркарите на Будуќност откако славеа на домашен терен против Задар со 105:89.
Пред овој дуел се одигра и последниот натпревар од 1.коло, во кој Цибона како гостин ја совлада Игокеа со 71:61.
Вечерва се игра „реприза “ на последното финале меѓу Црвена Звезда и Цедевита.
Утре на програмата се три натпревари:
МЗТ Скопје Аеродром – Партизан,
ФМП – Мега и
Цибона – Морнар.
Во среда се игра дуелот во Скопје меѓу Карпош Соколи и Игокеа, додека дуелот Олимпија – Крка ќе се игра на 5 декември.