УХМР: Од утре попладне намалување на температурите

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УНМР) соопшти дека утре кон крајот на денот со засилен северен ветер кон нашето подрачје ќе започне да се спушта студена воздушна маса од поларните географски ширини.

Ова, како што наведуваат од УХМР, ќе предизвика во вторник времето да биде променливо облачно, ветровито и постудено со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Максималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени.

Променливо облачно, студено и ветровито, но претежно суво ќе биде во среда, кога дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во четврток ќе настапи разведрување, па утринската температура ќе се спушти од 0 до 7, а во петок од -2 до 5 степени. Од четврток дневните температури ќе бидат во постепен благ пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски