Кошаркарите на Партизан остварија минимална победа на синоќешниот натпревар од првото коло од АБА лигата. „Црно-белите“ го победија Морнар со 58:57 во натпревар со мал број на поени. Во следното коло Партизан гостува на македонскиот првак МЗТ Скопје на 4.октомври (вторник).
Резултати на другите натпревари од првото коло: Црвена Звезда – МЗТ Скопје 91:69, Крка – Карпош Соколи 81:64, Цедевита – Будуќност 70:80, Мега – Олимпија 86:85 и Задар – ФМП 78:76.
Попладнево од 17 часот се игра последниот натпревар од 1.коло меѓу Игокеа и Цибона.