ОН започнаа истрага за нападот врз хуманитраниот конвој во Сирија

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун денеска соопшти дека Светската организација започнала истрага за нападот врз конвојот со хуманитрана помош во Сирија на 19 септември, при кој загинаа 18 лица. 

– Внатрешниот комитет на ОН ќе ги утврди фактите за настанот од 19 септември, рече Бан.

Тој нагласи дека по „утврдувањето на фактите“, ОН ќе решат какви чекори ќе преземат против одговрните за нападот. 

Воздушниот напад врз камионите што превезува хуманитарна помош беше извршен за време на примирјето во Сирија во близината на северниот сириски град Алепо.

САД и Русија го осудија инцидентот и побараа поведување истрага за утврдување на одговорноста за нападот.

Би можело да ве интересира

Анонимус ја хакираа централната руска банка

Катерина Ѓуровски

Анонимус: Од руската служба за безбедност протекоа информации за атентат на Зеленски

Ана Ололовска

„Анонимус“ хакирале повеќе од 300 руски и белоруски интернет-страници

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Анонимус“ му објавија војна на Илон Маск: Уништуваш милиони животи, очекувај нѐ

Катерина Ѓуровски

„Анонимус“ сакаат да ги разоткријат сите злосторствата на полицијата

А1он

Анонимуси ја презедоа контролата врз нацистички сајт

Наум Локоски