Борусија Дортмунд и Реал Мадрид одиграа нерешено

Од:

Дербито на вечерва од 2. коло на Лигата на шампиони одиграно синоќа во Дортмунд меѓу Борусија и Реал Мадрид заврши без победник 2:2.

Актуелниот шампион Реал на двапати имаше предност со головите на Кристијано Роналдо и Рафаел Варан, додека „милиониерите“ резултатот го израмнуваа преку Пјер-Емерик Обамејанг и Андре Шурле.

Резултати од синоќешните натпревари во елитното фудбалско натпреварување:

E група: ЦСКА Москва – Тотенхем 0:1, Монако – Баер Леверкузен 1:1.
Табела: Монако 4 бода, Тотенхем 4 бода, Баер Леверкузен 2, ЦСКА 1 бод.

Ф група: Борусија Дортмунд – Реал Мадрид 2:2, Спортинг – Легија 2:0.
Табела: Борусија Дортмунд 4 бода, Реал Мадрид 4, Спортинг 3, Легија 0.

Г група: Копенхаген – Бриж 4:0, Лестер – Порто 1:0.
Табела: Лестер 6 бода, Копенхаген 4, Порто 1, Бриж 0.

Х група: Динамо Загреб – Јувентус 0:4, Севиља – Лион 1:0.
Табела: Јувентус 4 бода, Севиља 4, Лион 3, Динамо Загреб 0.

Вечерва (20:45 часот) ќе се играат уште осум натпревари од другите четири групи.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска