Заменик-специјалниот претставник на Обединети нации за Сирија, Рамзи Езелдин Рамзи изјави дека ОН не се откажуваат од политичкиот процес за завршување на војната во Сирија и оти се надева дека следната недела ќе продолжат мировните преговри.
Тој додаде дека претставникот на ОН, Стафан де Мистура разговара со завојуваните страни со цел да организира директни преговори, за разлика од претходната рунда кога страните се сретнуваа одделно со посредници.
– ОН, без оглед на проблемите, никогаш нема да се откажат од политичкиот процес за завршување на петгодишната војна во Сирија, посочи Рамзи.