(ВИДЕО) Јанева: Во снимките го има Заев, но досега нема снимка за негов криминал

Од:

Снимките се анализираат и за тоа кој и како прислушувал во периодот од 2008 до 2015 година ќе имате можност да дознаете кога и ние ќе ги завршиме сите дејствија кои сме ги преземале. Во овој момент се вршат анализи на снимките, тоа прашање ни е приоритет, рече специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во одговор на прашање од пратеникот Димитар Стевананџија.

– Во тие 12% кои ги преслушавме, реков дека Зоран Заев не е преслушан за некои тендери и слично, не значи тоа дека не се слуша во некој дел, во тие 12% има повеќе луѓе. Што се однесува до моите почитувани колешки, мислам дека веќе многу пати кажав, моето образложение го дадов пред Советот на јавни обвинители. Во моментов немам потреба од повеќе обвинители, туку барам мандатот да ми се продолжи, рече Јанева.

Специјалната јавна обвинителка истакна дека новинарите за кои пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Стевананџија праша, не се дел од СЈО и дополни дека нема сознанија дека некој од обвинителството изнесува детали во јавноста.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат