Македонската риболовна репрезентација го освои 16.место на 63-то Светско првенство во спортски риболов, во дисциплината пливка што се одржа во Пловдив, Бугарија.
На оваа Светско првенство учествуваа 34 национални тимови. Победник е Унгарија, второто место го освоија риболовците од Чешка, а на третото место се пласираа Англија.
Во поединечен пласман светски шампион стана Словенецот Амброзиќ Јернеј.
Најдобри македонски натпреварувачи се Филип Таушанов и Маријан Ристиќ од нашиот национален тим. Ристиќ кој беше втор во неговиот сектор во првиот натпреварувачки ден, во конечниот пласман го освои 24 место, додека Таушанов во вториот натпреварувачки ден го освои високото второ место во неговиот сектор и вкупно 15 место во вториот натпреварувачки ден во поединечен пласман.
Во составот на Македонија покрај Ристиќ (Вардар Скопје) и Таушанов (Крап Радовиш), беа и Горан Цуцуловски (Св. Стефан Охрид), Зоран Кожухаров (Вардар Скопје), Зоран Митевски (Слајдер Куманово) и Тони Гоговчевски (Вардар Скопје).