Демант: Нема хаварија во РЕК Битола, капацитети испорачуваат електрична енергија според потребите

Од:

СДСМ во две последователни реакции успеа да се демантира со наводите за тековните активности во РЕК Битола. Вчера на прес конференција кажаа дека ТЕ Битола 2 е плански исклучен поради вишок на електрична енергија во електроенергетскиот систем, за денеска да шпекулираат дека причината сепак била хаварија, демантираат од РЕК Битола.

Вистината за која и вчера се произнесе РЕК Битола е дека производните капацитети на АД ЕЛЕМ работат во согласност со потребите на тарифните потрошувачи односно на домаќинствата и на субјектите кои се наоѓаат на регулираниот пазар за електрична енергија . Нема хаварија, ниту дефект на термоблоковите во ТЕ Битола. Планското исклучување на ТЕ Битола 2 се должи на поволната хидролошка состојба и потребата во наредниот период да се даде предност на производството од хидроелектраните. Овој капацитет е целосно функционален и подготвен во секој момент да биде вклучен во електроенергетскиот систем доколку тоа биде потребно. Сите постојни термокапацитети во РЕК Битола се подготвени да испорачуваат електрична енергија во текот на претстојната зима, во согласност со потребите на тарифните потрошувачи.

Состојбата на депонијата за јаглен во РЕК Битола е според плановите за работа, а ископот на овој енергент се одвива согласно дневните потреби. Со оглед дека следува период во кој се очекуваат врнежи од дожд, постои потреба од обработка на поголеми количини вода од акумулациите и создавање простор за прием на очекуваните есенски дотеци. Со оптимизација на постојните термо и хидроелектрани, АД ЕЛЕМ во целост ги испорачува планираните количини електрична енергија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Власта пред заминување сака да ги наполни куферите со пари од тендери

А1он

ЕСМ реакција: Мицкоски покажува незнаење од неочекувани размери за производството на електрична енергија

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 во РЕК Битола,

Ана Ололовска

Бислимовски: До 5 март нови правила за снабдување со топлинска енергија во Скопје

За 10 дена на аукција ќе се избере универзален снабдувач со електрична енергија