Јанева ќе го презентира вториот извештај пред пратениците

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го извести Собранието дека со цел интензивирање на воспоставената соработка, таа е подготвена да го презентира втриот шестмесечен извештај на обвинителството.

„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доследно и во континуитет го почитува начелото на транспарентност и одговорност во работењето и е достапно и отворено за соработка.

Во оваа насока, а со цел интензивирање на воспоставената соработка меѓу Собранието на Република Македонија и ова Јавно обвинителство, ја изразувам својата подготвеност во периодот од 19 до 30 септември 2016 година, да го презентирам Вториот извештај за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци, (за периодот 15.03-15.09.2016 година) пред надлежните работни тела на Собранието на Република Македонија“, стои во известувањето до Собранието.

Истото известување, Јанева го достави и до Советот на јавни обвинители.

„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доследно и во континуитет го почитува начелото на транспарентност и одговорност во работењето и е достапно и отворено за соработка. Во оваа насока, а со цел интензивирање на воспоставената соработка меѓу Советот на јавните обвинители на Република Македонија и ова Јавно обвинителство, ја изразувам својата подготвеност во периодот од 19 до 30 септември 2016 година, да го презентирам Вториот извештај за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци, (за периодот 15.03-15.09.2016 година) пред Советот на јавните обвинители на Република Македонија“, пишува во известувањето до Советот на јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он