Со двата гола во завршните минути од натпреварот актуелниот европски првак Реал Мадрид го победи Спортинг Лисабон со 2:1, во натпревар од 1. коло на групната фаза во Лигата на шампионите.
На средбата одиграна синоќа во Мадрид, иако гостите од Португалија имаа предност од 47.минута по голот на Бруно Цезар, сепак „кралевите“ во завршницата направија комплетен резултатски пресврт. Кристијано Роналдо со гол од слободен удар во 89.минура израмни на 1:1, а во четвртата минута од судиското дополнување Алваро Мората му донесе победа на Реал.
Резултати од синоќешните натпревари во Лигата на шампиони:
Група Ц: Манчестер Сити – Борусија Менхенгладбах 4:0.
Група Е: Баер Леверкузен – ЦСКА Москва 2:2, Тотенхем – Монако 1:2.
Група Ф: Легија – Борусија Дортмунд 0:6, Реал Мадрид – Спортинг Лисабон 2:1.
Група Г: Клуб Бриж – Лестер 0:3, Порто – ФК Копенхаген 1:1.
Група Х: Јувентус – Севилја 0:0, Лион – Динамо Загреб 3:0.