Проектниот простор „Прес ту егзит“ утре, 14 септември (среда), во клубот ГЕМ, со почеток во 19 часот, организира презентација и отворена дискусија со визуелниот уметник од Австрија Волфганг Обермаир, кој во Скопје има едномесечен резиденциски престој како дел од програмата за уметничка размена „West Balkan calling“.
Резиденцијата на Обермаир е организирана од „Ротор, Центар за современа уметност“ (Грац, Австрија) во соработка со „Прес ту егзит“.
Во својата презентација Обермаир ќе даде увид во низа практики кои се резултат на неговиот уметнички ангажман во последните неколку години. Фокусот ќе биде ставен на колаборативни проекти и други уметнички активности, на кои тој гледа како на можен обид за развој на субјективната практика во дискурзивни елементи меѓу уметниците и публиката.
Акцент ќе биде ставен на концептот на независни структури, посебно за оние кои имаат потенцијал да наметнат алтернатива на самата уметност. Дел од разговорот ќе биде претставен во форма на перформативна вежба која
Волфганг Обермаир е уметник и куратор во областа на архитектурата и уметноста кој работи во Виена, Австрија. Студирал географија, сликарството и уметност на нови медиуми во Дрезден, Нирнберг и Карлсруе, а работел како професор и доцент на Факултетот за ликовни уметности во Нирнберг и Уметничката школа во Виена. Во моментов тој предава на Универзитетот за применети уметности во Виена, во одделот за трансмедијална уметност. Изложувал во повеќе градови меѓу кои и Москва, Пекинг, Порто, Загреб, Виена. Освен тоа бил куратор на програмата на уметничката асоцијација kunstbunker – forum für zeitgenössische kunst во Нирнберг. Од 2012 година тој е член и координатор на уметничката непрофитна организација „Schneiderei“. Обермаир е ко-уредник на “Das Große Moskau, das es niemals gab”, списание кое ги анализира различните аспекти на конструктивистичката архитектура во современа Москва.